Керкез пред потпис со Ливерпул, Борнмут бара 45 милиони фунти отштета

Милош Керкез, левиот бек на Борнмут, најверојатно ќе го напушти клубот ова лето, пренесуваат англиските медиуми.

За 21-годишниот дефанзивец има силен интерес од Челзи, Ливерпул и уште неколку други екипи, но најблиску до неговиот потпис се Црвените од „Енфилд“. Керкез треба да биде засилување за одбраната на Ливерпул, која очигледно ќе остане без Трент Александар-Арнолд на десната бековска позиција.


Оваа сезона младиот Унгарец одигра 29 натпревари за Борнмут, постигнувајќи два гола и запишувајќи пет асистенции. Клубот бара околу 45 милиони фунти за неговите услуги.

- Оглас -

Најнови вести