Керли е брз како молња – Истрча рекордни 9.79 во квалификации на 100 метри, ветува дека ќе го урне рекордот на Болт (Видео)

Американецот Фред Керли ја истрча најбрзата трка на 100 метри во историјата на квалификациите на Светските првенства, а новиот рекорд е 9 секунди и 79 стотинки.

Керли е новата ѕвезда во атлетиката и најавува дека ќе се обиде да го урне и рекордот на Јусеин Болт, кој изнесува 9.58 и е подобар од резултатот на Фред за 21 стотинка.

Керли лесно се пласираше во полуфиналето и ќе има уште две шанси на ова Светско првенство да се обиде да го урне рекордот на Болт.

- Оглас -

Најнови вести