Керол се жали: Платата во Бордо ми е помала од киријата за станот

Некогашниот англиски репрезентативец Енди Керол во времето кога настапуваше за тимот на Ливерпул заработуваше 95.000 евра неделно. Тој беше еден од најскапоплатените фудбалери, но неговата кариерат имаше вртоглав пад.

Започна во Њукасл, врвот го достигна во Ливерпул, кога англискиот гигант за неговите услуги плати 41 милиони евра за трансфер. Потоа играше уште и во Вест хем, Рединг, ВБА, Рединг, Амиен, за да сега на 36 години се одлучи да заигра во Бодро. Некогашниот француски првак поради банкрот падна во најнизок ранг во натпреварување, а Лекип открива колкава е платата на Керол.

Според пишувањата, Керол заработува 1.614 евра, а кога ќе се одземат даноците му остануваат нешто помалку од 1.400 евра месечно за настап во Бордо. Оваа плата на фудбалерот е помала од минималната плата што е во Франција, а тоа е 1.801 евра за 35 часа неделна работа.

„Изнајмувам мала куќа во која живеам, а мојата плата е помала од киријата што ја плаќам. Моето доаѓање во Бордо, дефинитивно не е поради парите“, рече Керол.

Оваа сезона Керол постигна осум голови. Доколку стигне до бројката од 10+ погодоци, ќе добие одреден бонус, па ќе му дојде месечната плата да ми е околу 2.000 евра.

- Оглас -

Најнови вести