Барселона мораше да го продаде Франк Кесе за да ослободи простор за плати и тој за 15 милиони евра се сели во саудискиот клуб Ал-Ахли.
Кесе, кој лани дојде во Барса од Милан, веќе постигнал договор за личните услови со Ал-Ахли, со кого треба да потпише на три сезони.
Кесе е петтото големо засилување за Ал-Ахли по Роберто Фирмино, Ријад Марез, Едуард Менди и Алан Сен Максимен, кои дојдоа од англиски премиерлигаши, а во тимот е и Езџан Алиоски, кој минатата сезона играше за Фенербахче како позајмен.