Франк Кеси е фудбалерот кој летово го облече дресот на Барселона откако како слободен играч си замина од Милан. Новиот играч веќе се вклопи меѓу Каталонците и покажува дека жесток е дури и на тренинзите.
Барселона е во Мајами, каде што утре ќе го игра првиот контролен меч против Интер од Мајами. На еден од последните тренинзи, Кеси покажа колку има желба да се докаже, па беше дури и малку поагресивен.
Играчот за врска имаше дуел со младиот напаѓач Ансу Фати, кој заврши на тревата. Кеси со овој потег покажува дека сака уште одма да се докаже во Барселона и да стекне респект кај соиграчите.