Франк Кеси треба да се докаже дека ќе биде големо засилување на Барселона.
Сега веќе ексиграчот на Милан како шампион на Италија пристигна на „Камп ноу“, а на промоцијата откри дека добил совет од Златан Ибрахимовиќ како да има успешна кариера во дресот на Каталонците.
„Да, разговарав со Златан. Ми кажа дека градот е прекрасен, Барселона има одличен тим. Ми кажа да работам напорно и продолжи да давам сé од себе како што правев во Милан, само така ќе имам успешна кариера во Барселона“, посочи Кеси.
Ибрахимовиќ ја знае тежината да ги брани боите на шпанскиот гигант, играше на „Камп ноу“ во сезоната 2010/11 пред да ја задолжи опремата на Росонерите.