Женската репрезентација на Македонија вечерва од 20 часот на Националната арена „Тодор Проески“ ќе го игра вториот квалификациски меч против гигантот Англија и е голем аутсајдер.
Првиот меч во Д групата за настап на следниот Мундијал го загубивме со 8:0 во Англија, а денеска се игра во Скопје.
Англичанките се први на табелата со шест победи од шест меча и гол-разлика 53:0. Двапати дадоа по 10 гола, а пред ова гостување во Македонија ја декласираа Летонија со неверојатни 20:0.
Подвиг на Македонија и евентуална победа или реми би било светско чудо, а коефициентите во Sport Life се исклучително високи.
За кец, или триумф на Македонија квотата е 51, а за реми понудата е со коефициент од 22.5.
Македонија во досегашните шест кола ја победи само селекцијата на Летонија на гостински терен со 4:1 и има и пет порази.
Со три бода на четири кола до крајот на квалификациите за СП, нашата репрезентација е претпоследна, само пред Летонија, а зад Англија, Австрија, Северна Ирска и Луксембург.
Табела: Англија 18 бода, Австрија и Северна Ирска по 13, Луксембург и Македонија по 3 и Летонија без бодови.