Кецот против Јунајтед не е сигурица, европските мечеви за Барса на „Камп ноу“ се проблематични!

Играњето на домашен терен и пред своите навивачи е предност за секој тим, но само на хартија, во пракса не е секогаш така.

Многу екипи се плашат кога треба да гостуваат кај Барселона, но во последните години не е баш така. Барса дома доби само еден од последните седум натпревари во европските купови. Имаа четири ремија и два порази, двата од германски тимови.

Барса е фаворит според квотите, но мора да го разбие домашниот малер, а и „Камп ноу“ е специјално место за Манчестер јунајтед, таму во 1999 година против Баерн го добија најлудото финале во историјата на Лигата на шампионите, па и вечерва се очекува спектакл.

- Оглас -

Најнови вести