Кевин де Бројне ќе биде новата ѕвезда во градот каде „царуваше“ Мајкл Џордан?

Кевин Де Бројне ќе го напушти Манчестер сити по десет години блескава кариера во Премиер лигата и најверојатно ќе се пресели во САД, каде што Чикаго Фаер е сериозно заинтересиран да го доведе, пренесуваат американските медиуми. Тој би бил новата голема ѕвезда во градот каде своевремено „царуваше“ Мајкл Џордан.

33-годишниот белгиски плејмејкер, кој постигна 189 голови во сите натпреварувања за Сити, веќе најави дека ќе си замине по истекот на договорот на крајот од сезоната. Чикаго Фаер го посочува како главна цел, но интерес покажале и Ди-Си јунајтед, Њујорк сити и Интер Мајами.

Според информациите, Де Бројне претпочита преселба во МЛС лигата, пред евентуален трансфер во Саудиска Арабија. Сепак, не ја исклучува ниту можноста за останување во Премиер лигата.

„Сè уште се чувствувам способен да играм на високо ниво. Но, морам да ги разгледам сите опции – спортот, семејството, целиот контекст. Ќе одлучам кога ќе имам појасна слика“, вели Де Бројне.

Чикаго Фајер, под водство на поранешниот селектор на САД, Грег Берхалтер, се наоѓа на 11-то место во Источната конференција со 12 освоени поени по 10 кола (биланс 3-3-4). Клубот има само едно учество во плејофот во последните 12 сезони – во 2017 година.

- Оглас -

Најнови вести