Фудбалската репрезентација на Белгија вечерва ќе гостува во Вадуц против Лихтенштајн во меч од квалификациите за пласман на Светско првенство 2026. Белгија е апсолутен фаворит за победа и прашање е само со колку разлика ќе слави на ова гостување.
Предводникот на Белгија, селекторот Руди Гарсија реши за овој меч да направи една голема промена. Првата ѕвезда во составот на Белгија, Кевин де Бројне, остана без капитенската лента. Според Гарсија, честа да биде капитен и предводник на теренот од денеска, па во иднина ќе биде за Јури Тилеманс.
„Тилеманс ќе биде капитен против Лихтенштајн, а така ќе биде постојано од денеска, па натаму. Тој е мост меѓу златната генерација и младите играчи“, објасни селекторот Гарсија.
Де Бројне ја доби капитенската лента во март 2023 година, кога од белгиската репрезентација си замина Еден Азар. Сега предводник ќе биде девет години помладиот Тилеманс.
Де Бројне има одиграно 111 меча за Белгија и постигнал 31 гол. Во последниве години тој е еден од главните играчи во играта на Манчестер сити, но, секако, и предводник на белгиската репрезентација.