Кевин Дурант е новиот член на друштвото на НБА-кошаркари кои стигнале до магичната бројка од 30.000 постигнати поени. Јубилејниот 30.000 поен, Дурант го постигна од линијата за слободни фрлања на мечот на кој неговиот Феникс санс на домашен терен загуби од Мемфис гризлис со 119:112. Дурант на овој дуел постигна 34 поени и сега има точно 30.007 поени во НБА-кариерата.
The free throw for 30,000 career points 🔥
Congrats, @KDTrey5! https://t.co/ppowzoSkVd pic.twitter.com/e5zV6YYWHm
— NBA (@NBA) February 12, 2025
Најдобар стрелец на вечната листа на најдобри стрелци е Леброн Џејмс со 41.623 поени, а неговиот рекорд ќе се подобрува затоа што ѕвездата на Лос Анџелес лејкерс уште игра блескаво, иако има 40 години.
Леброн е единствен кој е со над 40.000 поени затоа што вториот најдобар стрелец Карим Абдул-Џабар застана на 38.387 поени, а Карл Мелоун има 36.928 поени. Дурант ако сака да го надмине Мелоун, ќе треба во следните три сезони да постигнува во просек по 30 поени и да ги избегнува повредите. Сезонава Дурант во просек постигнува 26,9 поени, а неговиот просек во кариерата е 27,2 поени по меч.
На оваа листа играчи со над 30.000 поени се уште и Коби Брајант (33.643), Мајкл Џордан (32.292), Дирк Новицки (31.560) и Вилт Чемберлен со 31.419 поени.
Резултати од мечевите кои се играа ноќеска во НБА-лигата: Филаделфија – Торонто 103:106, Индијана – Њујорк 115:128, Чикаго – Деторит 92:132 и Феникс – Мемфикс 112:119.