Кевин Дурент во борба со времето за настап на ЛОИ во Париз

Селекторот на американската кошаркарска репрезентација, Стив Кер, останува мирен во врска со повредата на листот на Кевин Дурент, која го спречи тројниот освојувач на златен олимписки медал да тренира со останатите репрезентативци во последните две недели пред Олимписките игри во Париз.

Кер, кој се јави од Абу Даби каде репрезентацијата на САД продолжува со подготовките за Олимписките игри, изјави дека е уверен дека Дурант ќе биде во ред.
„Тој засега нема да тренира со тимот и ќе продолжи да работи индивидуално”, рече Кер за својата ѕвезда која веќе две недели страда од истегнување на листот.

„Остануваат уште неколку недели до конечната одлука за составот на тимот, така што одиме ден по ден. Уверени сме дека ќе игра“, соопшти селекторот.

Сепак, американските медиуми тврдат дека здравствената состојба на Кевин Дурент не е најдобра, затоа што повредата вооошто не е наивна.

Американскиот кошаркарски тим ќе виде повторно вистински „дрим тим“ со имиња како Леброн Џејмс, Стефон Кари, Ентони Дејвис, Ентони Едвардс и неодамна крунисаните НБА шампиони, Џејсон Татум и Џру Холидеј од Бостон Селтикс.

Американците во Абу Даби ќе одиграат два подготвителни натпревари против Австралија (15 јули) и против Србија (17 јули).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести