Кевин Њокас е „снајпер“, осум погодоци од исто толку обиди

Кевин Њокас пред неполни 10 дена се приклучи кон екипата на Вардар, а покажа дека ќе биде првокласно засилување откако денеска имаше неверојатен учинок од осум погодоци од исто толку упатени удари.

Мешков Брест беше неговата „жртва“, во која Вардар на крајот победи со убедливи 35:27. Со голема сигурност тој ќе биде во тимот на колото бидејќи едноставно „решеташе“ од сите страни.

Како што е познато, браќата Њокас дојдоа во „пакет“ од Металург и уште на самиот старт покажуваат дека ќе бидат од голема корист за Вардар во походот кон третата титула во Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести