Кошаркарската федерација на Македонија ги изнесе сите детали околу „Ол Стар“ програмата која ќе се случи на 21 декември, ден кој е посветен на славење на македонската кошарка.
Во своја објава од „куќата на кошарката“ потенцираат дека на овој ден сите спортски субјекти треба да бидат на иста страна.
„Ова е ден кога сите сме на иста страна: играчи, тренери, судии, делегати и клубови. Ден кога ја славиме играта, заедништвото и убавината на кошарката, токму затоа што сме различни, а обединети околу иста вредност.
Со овој настан сакаме заеднички да покажеме и да докажеме дека кошарката повторно може да биде спорт број 1 во Македонија – со почит, соработка, визија и љубов кон играта“, велат од КФСМ.

