15.8 C
Skopje
понеделник, 27 октомври 2025

Кичевчанец и радовишанец мајсторски одиграа и погодија квоти над 1.000! (Фото)

Со уплата од 100 денари до добивка од околу 2.000 евра, е среќната судбина која во петокот вечерта го снајде еден обложувач кој одиграл во објект на Sport Life во Кичево.

На тикетот се 15 парови, на 14 мечеви е прогнозирана победа на домашните, а кај еден меч се бараше квота од 23.5 за пресврт „два во еден“. На мечот во Португалија, гостите водеа на полувреме со 1-0, на крај домашните победија 3-2, па останаа за чекање за добивка уште два меча во Велс на кои имаше драма.

На едниот, Кармартен – Афан Лидо, излезе кец, но домашните победија одвај со 1-0 во меч на кој од 26-та минута имаа човек помалку на терен. На дуелот на Аманфорд и Кумбран Селтик, гостите водеа 1-0 до 80-та минута, а домашните во 96-та минута дадоа гол за победа и голема радост во Кичево.

Во Sport Life во Радовиш, уплатен е тикет кој излезе добитен, а квотата му е 1.001, па со 200 денари уплата, бруто добивката е 200 илјади.

Погодени се 14 исходи на фудбалски мечеви низ Европа кои се играа вчера. Радовишанецот синоќа последно за супер добивка чекал на Лион – Стразбур да има три или повеќе голови. Веќе во 31-ва минута имаше два гола, но потоа Лион утна пенал и резултатот 1-1 важеше до 91-ва минута. Тогаш Афонсо Мореира даде гол за Лион за да излезе добитен тикетот на кој најголема поединечна квота е 2.40.

- Оглас -

Најнови вести