Киево успеа на некој начин да се спаси од пропаѓање и клубот што некогаш беше стандарден прволигаш ќе продолжи со ново име, Кливенсе и ќе почне од најнизок ранг на натпревари.
Популарните Летечки магариња повторно во составот што го пријавија и се состои од 23 играчи ќе ја има и иконата на клубот, Серџо Пелисие.
Човекот што мина две децении во клубот и беше член на Киево од 2000 до 2019 година повторно се реактивира по повеќе од две години пауза.
Последниот меч му беше против Фросиноне во мај 2019 година, а сега не го остави на цедило новиот фудбалски субјект, Кливенсе, кој е наследник на Киево и пак ќе се обиде да помогне.
Пелисие е најдобриот стрелец во историјата на Киево со 139 погодоци на 517 меча што ги одигра во различни натпреварувања за клубот до Верона.
Кливенсе денеска ќе ја почне новата фудбалска ера како наследник на Киево.
View this post on Instagram