Киеза отпатува за Англија, на потпис со Ливерпул (Видео)

Италијанскиот репрезентативец Федерико Киеза одлучи да ја прифати понудата на Ливерпул и одлета кон Островот каде треба да ги мине медицинските прегледи и да стави потпис на договор со премиерлигашот од „Енфилд“.


Во трка за негов потпис беше и Барселона, но стана јасно дека сепак каталонскиот гигант има финансиски проблеми поради кои нема да може да го реализира најновото засилување, иако Ханси Флик го одобри ангажманот на Киеза.


Италијанецот не сакаше да чека и даде потврден одговор на понудата на Ливерпул да се пресели во Премиер лигата.

„Среќен сум и задоволен за новата авантура која е пред мене. Во оваа можност сакам да испратам поздрав до тифозите на Јувентус и да се заблагодарам за поддршката во сите изминати години“, изјави Киеза пред заминувањето за Англија.

- Оглас -

Најнови вести