Кикбоксерот Илиоски и бодибилдерката Акиевска прогласени за спортисти на годината

Агенцијата за млади и спорт и Сојузот на спортски федерации по 69-ти пат го организираа Изборот за спортист на годината во Македонија, а за најуспешни во 2023 година беа прогласени Бобан Илиоски (светски првак во кикбокс) во машка и Мери Акиевска (светска шампионка во бодибилдинг) во женска конкуренција.

Признанија добија и Витомир Трајковски – Карате за најдобар млад спортист, Милијана Рељиќ – Таеквондо за најдобра млада спортистка, Дејан Митровски од Kик бокс е најдобар тренер-селектор, најуспешна федерација е Одбојкарската, која беше домаќин на група на машкото ЕП, најдобар машки тим се одбојкарите, најуспешен национален женски тим се ракометарките, додека најдобар спортист со инвалидитет е пливачот Андреј Стојановски.

- Оглас -

Најнови вести