„Кикс“ на Јуве против Бенфика ќе значи и крај за Алегри а на негово место доаѓа добро познато лице

Навивачите на Јувентус не се задоволни од игрите коишто ги прикажува нивниот тим, а имаат и големи замерки кон тренерот Масимилијано Алегри.

Тие посакуваат тимот да игра многу поофанзивно со оглед на тоа дека во изминативе месеци ги доведоа Анхел ди Марија, Пол Погба, Душан Влаховиќ и Леандро Паредес.

Според инфорамциите од Италија, раководството на Старата Дама размислува за евентуална смена на Алегри ако продолжат лошите резултати и игри, а такво нешто може да се случи и по вечерашниот меч од Лигата на шампионите, против Бенфика.

Тие велат дека раководството ја има и пронајдено замената во Томас Тухел којшто пред една недела доби отказ од Челзи.

Јуве има 10 бода во Серија А, каде на последните пет средби дури четири пати одигра нерешено.

- Оглас -

Најнови вести