Актуелниот шампион на Шпанија, Барселона, не успеа да дојде до целиот плен на гостувањето кај Рајо Ваљекано, па ќе мора да се задоволат само со бод, иако лесно можеа да останат и без него.
„Каталонците“ одиграа само 1-1 на „Ваљекас“, откако дојдоа во водство преку Ламин Јамал од пенал во 40-тата минута. Најстрогата казна беше направена токму над него, но сигурно ќе предизвика многу полемики во Шпанија.
Рајо Ваљекано израмни преку Фран Перес во 67-мата минута, откако одбраната на Барселона заспа на корнерот на противникот.
Иако Барселона доминираше во текот на целиот меч, лесно можеше да остане и без бодот, бидејќи разредената одбрана поради комплетната офанзива на Ханси Флик, тешко излегуваше на крај со нападот на противникот, но Жоан Гарсија не дозволи повторно да биде совлада и шампионот да биде поразен во предградието на Мадрид.