Некогашниот голман на Ливерпул Лорис Кариус, на 1 јануари се пофали за тоа како ја славеше Нова година со својата девојка, атрактивната новинарка Дилета Леота, а неколку часа подоцна слушна лоши вести.
Кариус доби отказ од Њукасл и тоа по само три месеци поминати во англискиот клуб. Во овој период Кариус немаше ниту еден меч за тимот од „Сент Џејмс парк“. Овој голман во кариерата бранеше за Ливерпул, но кариерата му тргна во лоша насока по финалето на Лигата на шампиони 2018 година, кога беше директен виновник за два од трите гола на Реал Мадрид.
BREAKING ‼️🚨
🇩🇪 Loris Karius is now a free agent after leaving Newcastle United! ✅#Transfers #NewcastleUnited #PremierLeague #Karius #Germany #JanuaryWindow pic.twitter.com/wHcEseQtRR
— All About Football (@AAFootbal) January 1, 2023