18.8 C
Skopje
сабота, 16 август 2025

Киксот на Давид Луис го донесе првиот гол во ПЛ по рестартирањето на сезоната (видео)

Рахим Стерлинг пред паузата му донесе предност на Манчестер сити од 1-0 во дербито против Арсенал. Англиската ѕвезда го постигна првиот гол во Премиер лигата по рестартирањето на сезоната благодарение на грешката на Давид Луис која ја направи во опасната зона.

Де Бројне во обид да креира шанса за удар со нафрлување, го погоди Луис, кој не ја исконтролира топката и му ја препушти на Стерлинг за 1-0 во корист на Граѓаните.

https://twitter.com/D9INE_PREMIER20/status/1273345743743414272

- Оглас -

Најнови вести