Киксот на голманот кој ќе го прогонува цел живот го најави пресвртот на Ливерпул (Видео)

Вилјареал еден час играше како во транс против Ливерпул, а потоа се случи киксот кој се покажа како клучен на полуфиналето од ЛШ. Голманот на Вилјареал ,Геронимо Руљи, несмасно реагираше при шутот на Фабињо и прими гол кој реално не треба да се дозволи во толку важен меч.

Бразилскиот играч за врска продре од десната страна, немаше многу опции што да направи и се реши да шутира, а на изненадување на многумина, успеа да погоди меѓу нозете на Руљи и намали на 1:2.

По тој гол на Ливерпул, играта на Вилјареал се сруши, па во следните неколку минути англискиот гигант постигна уште два гола и направи целосен пресврт и на крајот победи со 3:2.

 

- Оглас -

Најнови вести