Шарлроа успеа да ја добие 120-минутната битка против Партизан, а Кавех Резаеи е јунакот на Белгијците. Тој го постигна голот за финале во квалификациите за настап во Лигата на Европа во 116-тата минута.
Иранскиот репрезентативец забележа дека голманот Стојковиќ е лошо поставен и мајсторски погоди од слободен удар за победа од 2:1.
Претходно Шарлроа поведе во 11-тата минута со погодокот на Десолеил, а израмни Сума во 53-тата минута. Шарлроа оди понатаму и ќе игра нокаут-меч против Лех на домашен терен на први октомври.