Германскиот гигант Кил успеа да се пласира на фајналфор турнирот за титулата во Келн по драматичната победа од 33:32 во реваншот од четвртфиналето против Пари Сен Жермен.
Драмата доживеа кулминација во последните 30-тина секунди, кога ПСЖ намали на еден гол разлика, а потоа имаше и напад за реми, што ќе ги однесеше во Келн.
https://twitter.com/ehfcl/status/1527379794643791872?s=20&t=aEJve4EjCbz-OhP7r3_dWA
Првиот меч заврши нерешено 30:30 и на гостите од Париз им фалеше еден гол за да играат на турнирот за титулата.
Раул Гонзалес не успеа откако со Вардар ја освои европската круна, а ПСЖ ќе бара нова шанса за европската круна што ја нема во своите витрини.
Кил, кој е четирикратен европски првак, ќе бие битка за нов пехар со Барселона, Веспрем и Кјелце на Ф4 турнирот во Келн.