Германскиот Кил славеше во драматичен меч во Загреб со 28-27 и речиси го отпиша хрватскит тим од место во плејофот во ракометната Лига на шампиони.
Од друга страна, Кил им направи услуга на Вардар 1961 и Елверум, кои во директен дуел во Скопје во следното, последно коло, ќе решаваат за петтото место во групата А.
Вардар е петти со бод плус од Елверум и Загреб, а има и еден меч помалку (со Мешков), па би требало да го задржи тоа место и да води осминафинални битки веројатно со Веспрем.