Килијан ги убива противниците со брзината – Истрча цел терен за гол против Марсеј (Видео)

Килијан Мбапе повторно покажа колку е брз и издржлив на почетокот на мечот со Марсеј, кога истрча цел терен за да постигне водечки гол за Пари Сен Жермен.

Во деветтата минута еден од најбрзите фудбалери на светот истрча точно 99 метри на теренот на култниот „Велодром“ во Марсеј и ги матираше домаќините со водечки гол за ПСЖ.

Педантните аналитичари му измерија дека најголемата брзина во долгиот спринт од гол на гол му беше 36 километри на час.

Извонредниот спринт на Килијан Мбапе од цели 99 метри со брзина од 36 километри на час и голот за предност од 1:0 против Марсеј можете да го погледнете ОВДЕ.

По него, во 24-тата минута погоди и Мауро Икарди, па популарните Светци во финишот на француското дерби имаа предност од 2:0.

- Оглас -

Најнови вести