Килијан Мбапе не сака да остане во Пари Сен Жермен и пристиска за трансфер, најверојатно во Реал Мадрид, објавија француските медиуми.
Светскиот првак со Франција има понуди од европските гиганти, а за него ако успее да издејствува трансфер се заинтересирани пред се Реал Мадрид, Манчестер сити и Манчестер јунајтед.
Мбапе сака да оди во клуб што може да ја освои Лигата на шампионите, нешто што не му успева на ПСЖ и покрај огромните вложувања.
Во август 2017 одличниот офанзивец пристигна во ПСЖ како позајмен играч од Монако, но веднаш потоа „светците“ се договорија со Монако да му платат отштета од 145 милиони евра, плус бонуси од 35 милони евра за Килијан да продолжи во редовите на францускиот првак.
Тоа е вториот најскап трансфер во историјата на фудбалот, зад тој на Нејмар, во вкупен износ од 220 милиони евра, што ПСЖ и ги плати на Барселона за Бразилецот.