Килијан ги уништи желбите на Катар, одби да биде специјален гостин на ждрепката за Мундијалот

Килијан Мбапе ја одбил поканата на Катарците да биде специјален гостин на ждрепката за мундијалските групи што ќе се одржи на 1 април.

Задутре во „Доха егзибишн центар“ во Катар со почеток во 17 часот ќе се одржи ждрпеката за составот на групите на Светското првенство.

Мбапе имал комуникација со организаторите на Мундијалот, кои „ургирале“ и преку Фудбалската федерација на Франција, ФФФ, тој да биде специјален гостин на извлекувањето, но објаснил дека тој не е капитен на Франција и ја одбил понудата.

Се очекува Франција на 1 април во Доха да ја претставуваат селекторот Дидие Дешамп и капитенот Уго Љорис.

Франција е актуелен светски првак и ќе ја брани титулата во Катар, на шампионатот што ќе се игра во ноември и декември оваа година.

- Оглас -

Најнови вести