Килијан Мбапе е незадоволен со доаѓањето на Лионел Меси во Пари Сен Жермен и сака да си замине од францускиот клуб. Еден од најдобрите напаѓачи на светот се чувствува загрозен со трансферот на Меси од Барселона во ПСЖ и не сака да продолжи да игра за својот сегашен клуб, објави францускиот новинар Тибо Везиријан.
https://twitter.com/ThibaudVezirian/status/1425506674685747201?s=20
Везиријан е одлично верзиран и информиран со состојбите во Пари Сен Жермен и досега имаше објавувано доста точни информации што се однесуваа на повеќекратниот француски првак.
Со трансферот на Лео се најавуваше дека ПСЖ ќе има дрим-тим, можеби и најсилен состав во историјата на клупскиот фудбал, со трилнгот офанзивци, Меси, Нејмар и Мбапе, потоа и со Рамос, Маркињос, Ди Марија и уште дузина топ играчи, но сега тоа може да се растури поради незадоволството на Мбапе.
Реал Мадрид е фаворит за ангажман на Килијан, ако се оствари неговата желба и најавата на Везиријан дека ќе си замине од Париз.