Килијан Мбапе е „Златна копачка“ на Европа

Килијан Мбапе официјално е добитник на престижната награда „Златна копачка“, која се доделува на најдобриот стрелец во европските национални првенства. Францускиот ас ја освојува оваа награда по првпат во кариерата, и тоа уште во својата прва сезона во Ла Лига, каде постигна 31 погодок за Реал Мадрид и собра 62 бода.

Неговиот главен конкурент, Мохамед Салах, не успеа да го достигне во последниот натпревар за Ливерпул и сезоната ја заврши со 29 голови, односно 58 бода.

Интересно, најмногу голови оваа сезона постигна шведскиот напаѓач Виктор Ѓокереш од Спортинг Лисабон – дури 39. Но, поради тоа што португалската лига има понизок коефициент во рангирањето на УЕФА, секој негов гол вреди 1,5 поени, тој собра вкупно 58,5 поени – доволно само за второто место.

Четвртопласиран е Хари Кејн од Баерн Минхен со 26 голови и 52 поени.

Наградата се доделува според систем кој ги вреднува головите во најсилните европски лиги (Англија, Шпанија, Германија, Италија, Франција) со коефициент 2, а во останатите лиги головите носат по 1,5 или 1 поен.

- Оглас -

Најнови вести