Двата гола на Килијан Мбапе во победата на Реал Мадрид над Валенсија се уште еден доказ дека Французинот е во блескава форма. Кралевите триумфираа со убедливи 4-0, а Мбапе со тоа стигна до 44 гола во дресот на Реал, достигнување кое ретко кој го постигнал за толку краток период.
Таков подвиг досега успеал да направи само Ференц Пушкаш, кој постигнал 44 гола на 44 натпревари. Ниту Кристијано Роналдо, легендарниот стрелец на клубот, не го постигнал тоа – тој имаше 43 гола по 45 одиграни средби.
Мбапе уште еднаш потврди дека е вистински лидер на овој Реал и дека со секој натпревар се доближува до историјата на клубот.

