На церемонија одржана во Мадрид, денеска Килијан Мбапе ја доби Златната копачка за сезоната 2024/2025 година.
Французинот кој игра за Реал Мадрид првпат во кариерата го добива ова признание, кое пред 34 години му припадна на нашиот Дарко Панчев.
Минатата сезона Мбапе даде 31 гол во шпанската лига, што беше доволно за стане првиот Французин по Тјери Анри и трет во историјата на Реал по Уго Санчес и Кристијано Роналдо, кој ја добил титулата најдобар голгетер во Европа.

„Прво, морам да им се заблагодарам на моите соиграчи. Оваа година имаме неверојатна група. Се надевам дека и оваа сезона ќе ја освојам наградата. Тимските награди се најважна работа, а играњето за Реал Мадрид е сон“, рече Мбапе, а на церемонијата беше целиот тим на Кралскиот клуб освен капитенот Дани Карвахал, кој беше опериран неодамна.
Ова се сите голови на Мбапе кои му ја донесоа наградата:
🔥 ¡Disfruta de los 31 goles del BOTA DE ORO 24/25, @KMbappe! pic.twitter.com/YdQDMq3t26
— Real Madrid C.F. (@realmadrid) October 31, 2025

 
                                    