Килијан Мбапе не отпатува со Реал Мадрид во Џеда, но ќе игра во евентуално финале против Барселона

Експедицијата на Реал Мадрид веќе е во Џеда, Саудиска Арабија, каде ќе се игра Супер купот на Шпанија, а противник на „кралевите“ во утрешното полуфинале ќе им биде градскиот ривал, Атлетико.

Како и што се очекуваше, Килијан Мбапе, не отпатува со остатокот од екипата за Саудиска Арабија поради повреда, иако медицинскиот тим на „кралскиот“ клуб направи се за да го подготви. Францускиот репрезентативец нема да биде дел од екипата која ќе му се спротивстави на Атлетико, но едно е јасно, Мбапе итно ќе отпатува за Џеда доколку во финалето играат вечните ривали.

Планот на Чаби Алонсо е во евентуално финале против Барселона, Мбапе да добие барем 30-тина минути, но доколку Реал во финалето игра против Атлетико, тогаш Французинот ќе остане во Мадрид и ќе се подготвува за продолжение од првенството во Ла Лига.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести