13.8 C
Skopje
недела, 9 ноември 2025

Килијан Мбапе сам го победи Овиедо, но првиот гол предизвика многу полемики (Видео)

Реал Мадрид дојде до два од два на стартот од Ла Лига, откако со 0-3 славеше на гостувањето кај Овиедо.

Првите два гола за „кралевите“ беа дело на Килијан Мбапе, во 37-мата и 83-тата минута, но посебно првиот предизвика бројни полемики.

Главниот судија, Де Бургос, енергично покажа на центарот и го призна голот и без да чека сугестија од ВАР собата, но и по прегледувањето и краткото чекање, голот на Мбапе беше признат.

Точка на победата на Реал Мадрид стави Винисиус во 93-тата минута.

- Оглас -

Најнови вести