Кими Антонели беше најбрз на Сузука и го повтори успехот од Кина

Големата награда на Јапонија донесе големо возбудување за време на трката во Формула 1, но победникот беше ист како и на трката во Кина, Кими Антонели.

Италијанецот, исто како пред две недели, запиша нова победа во Формула 1.

Иако загуби позиции на стартот, исто како и неговиот тимски колега Џорџ Расел, Кими имаше среќа при појавата на безбедносниот автомобил и успеа да се врати на врвот.

Од моментот кога се врати на врвот, Антонели ја презеде доминацијата и создаде голема предност пред второпласираниот Оскар Пјастри.

Пјастри, кој претходно не возеше ниту еден круг на првите два викенди, денеска имаше фантастичен настап и заврши на второто место, како единствен возач што не направи ниту една грешка.

На третото место заврши Шарл Леклер.

Четвртото место, разочарувачко за амбициозниот кандидат за титулата, го зазеде Џорџ Расел, кој направи премногу грешки.

На петтото место заврши актуелниот шампион Ландо Норис, а зад него се пласираше вториот возач на Ферари и седумкратниот шампион, Луис Хамилтон.

Пјер Гасли заврши на седмото место, додека Макс Ферстапен трката ја заврши на осмото место.

Лиам Лосон финишираше на деветтата позиција, а последниот бод го освои Естебан Окон.

- Оглас -

Најнови вести