Баерн Минхен се радува на важна победа во дербито против Борусија Дортмунд славејќи на гости со 2-3 во популарниот „Дер Класикер“. Победничкиот гол го постигна Џошуа Кимих во 87-та минута со феноменален удар.
Првото полувреме беше динамично, со предност на Борусија во 26-та минута преку Нико Шлотрбек, но Баерн успеа да израмни преку Хари Кејн во 54-тата минута, а потоа и да поведе со неговиот погодок од пенал во 70-тата минута, кој беше негов 30-ти гол во сезоната.
Во продолжението, Борусија израмни преку Свенсон во 83-тата минута, но Баерн со комбинација преку Мајкл Олисе, Луис Дијас и на крај Џошуа Кимих како реализатор, ја обезбеди победата.
Со триумфот, Баерн се одвои на +11 поени пред второпласираната Борусија, со 10 кола до крајот на сезоната, приближувајќи се кон нова титула во Бундеслигата.

