Кимих: Хари Кејн против Реал Мадрид би играл и во инвалидска количка

Хари Кејн е фудбалерот кој сезонава блеска и е вистински предводник на Баерн Минхен во освојување на нова титула во Бундеслигата. На последниот меч Кејн не играше, а Баерн со неверојатен финиш стигна до победа од 3:2 на гостувањето кај Фрајбург. Германскиот гигант покажа дека може и без Кејн во составот да направи пресврт и да победи, но сепак следниот предизвик за Баерн е многу поголем затоа што ќе го игра првиот меч од четвртфиналето во Лигата на шампионите против Реал Мадрид.

Баерн денеска ќе тренира на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид, а утре ќе излезе на мегдан против 15-кратниот европски првак. Околу дилемата дали Кејн ќе биде подготовен да настапи против Реал, со реакција се јави Џошуа Кимих.

„Реално не знам каква му е ситуацијата во моментов, но се надевам дека ќе биде подготовен за дуелот во вторник во Мадрид. Мислам дека тој нема дилеми и дека би играл дури и да е во инвалидска количка. И да чувствува некои болки, сигурно ќе стегне заби и ќе биде на теренот во Мадрид“, рече Кимих за тоа дали Кејн ќе игра против Реал.

Кејн сезонава одигра 40 натпревари во сите конкуренции, а постигна 48 гола, што значи дека во просек постигнува по еден погодок на секои 67 минути поминати на теренот.

- Оглас -

Најнови вести