Кимих и Олисе намерно добиле картони, нема да играат во првото четвртфинале?

Дисциплинската комисија на УЕФА би можела да ги разгледа жолтите картони на Џошуа Кимих и Мајкл Олисе од Баерн, наводно намерно испровоцирани, и да ги санкционира двете ѕвезди за првиот четвртфинален натпревар со Реал Мадрид или Манчестер сити.

Двајцата добија жолти картони за трошење време кога резултатот веќе беше 6-0. Така тие автоматски станаа суспендирани за небитниот реванш против Италијанците, но би имале право да играат во четвртфиналето што им е многу поважно и главна цел. Токму овој контекст покрена сомнежи за тоа дали картоните биле намерно провоцирани.

Можноста за истрага не е незначителна, со оглед на тоа дека во 2019 година УЕФА го суспендира на два меча тогашниот капитен на Реал Мадрид, Серхио Рамос, за истата работа.

Поранешниот судија Мануел Грефе предупреди за ризикот од построга казна.

Кимих и Олисе се соочуваат со суспензија подолга само од еден натпревар“, забележа Германецот на социјалните медиуми. 

Според неговата анализа, „двајцата добија жолти картони за очигледно губење време при резултат 0-6 и сега се суспендирани, но слободни за подоцнежните, потешки кола“. Рамос беше суспендиран на два натпревара за нешто слично и не би било изненадувачки ако тоа се случи сега со двајцата играчи на Баерн“.

Кимих негираше каква било намера да добие картон кога го прашаа дали тоа му било намерата кога задржувал време. Капитенот на Баерн се бранеше дека не брзал изведувајќи слободен удар затоа што не сакал „да го изведе додека Аталанта притиска“. УЕФА сигурно ќе ја разгледа снимката.

„На 6-0 нема вистинска причина за губење време, а тоа што двајцата играчи го прават на ист начин е многу впечатливо“, додаде Грефе.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести