34.8 C
Skopje
недела, 13 јули 2025

Кимих не сака да чека до јуни за да донесе одлука за иднината

Еден од капитените на Баерн Минхен, Џошуа Кимих, изјави дека не сака предолго да чека во преговорите со клубот за продолжување на договорот.

Тековниот договор на Кимих истекува во јуни 2024 година, што значи дека веќе од 1 јануари може слободно да преговара со заинтересираните клубови. Иако изгледа дека негов приоритет е да остане во Баерн, Германецот истакна дека не сака да ја одложува одлуката до летото.

„Не сакам да чекам до летото. Во јануари сакам да седнам, да размислам и да ја согледам целокупната ситуација. Во јануари ќе ја донесам конечната и вистинска одлука“, порача Кимих.

Искусниот играч за врска веќе долго е желба на многу европски гиганти. Во минатото се споменуваше Барселона, потоа Манчестер сити, а Реал Мадрид секогаш останува како потенцијален кандидат.

Кимих во февруари ќе наполни 30, што значи дека е пред совршен момент за донесување одлука за последниот голем договор во неговата кариера.

- Оглас -

Најнови вести