Кимих сака да замине, но Баерн тоа нема да го дозволи

Репрезентативецот на Германија, Џошуа Кимих, сериозно размислува за промена на средината и можноста да го напушти Баерн, тврдат германските медиуми. Сепак, германскиот гигант сака да го задржи својот клучен играч по секоја цена.

„Се разбира дека сакаме да остане. Има уште една година од договорот. Се договоривме да разговараме по неговиот одмор“, изјави директорот на Баерн, Макс Еберл, за „Билд“.

Кимих е цврсто решен да замине, а за него се интересираат шпанските гиганти Баерн Минхен и Барселона, како и два клуба од Премиер лигата, Манчестер сити и Арсенал.

- Оглас -

Најнови вести