Кин: Леле, колку лоши екипи се Манчестер и Арсенал

Манчестер јунајтед и Арсенал одиграа 1:1 на „Олд Трафорд“ во последниот меч од седмото коло во Премиер лигата. Домаќините водеа по првиот дел, но Топчиите со голот на Пјер-Емерик Обамејанг во 58-мата минута стигнаа до бод. На некогаш двата најдобри клуба во Премиер лигата им беа потребни 28 минути игра за навивачите да го видат првиот удар на голот.

Легендарниот капитен на Манчестер, Рој Кин, се чудеше колку лош меч гледаше.
„Го гледам мечот и не можам да се смирам, колку се лоши двете екипи. Нема квалитет на теренот. Играчите се борат да останат на нозе. Има многу прекршоци, нема дисциплина. Арсенал добро реагираше по примениот гол, но Јунајтед треба да жали што не ги освои трите бода бидејќи гостите тоа сами им го нудеа. Најискрено страшно е колку двете екипи се лоши“, рече Кин во својата анализа по мечот.

По седум меча, Манчестер има освоено 9 бода и е на 10-тото место на табелата, додека Арсенал е на четвртата позиција со 12 бодови досега. Лидерот Ливерпул е со перфектни 21 бод од седум кола.

За тоа дека навистина не се меѓу најдобрите екипи, говори и фактот дека Манчестер и Арсенал сезонава не се дел од Лигата на шампиони туку играат во Лигата на Европа.

 

- Оглас -

Најнови вести