Само уште еден ден остана до завршување на Олимписките игри во Токио, што значи дека останаа само уште малку медали кои треба да се распределат на најдобрите.
Американската експедиција на ЛОИ веќе ја надмина бројката од 100 освоени медали, додека втора најуспешна селекција е Кина. Кинезите досега освоија 86 медали, од кои 38 се златни, што е за два повеќе од златните одличја на Американците. Сепак, во вкупниот збир, САД е многу поуспешен.
Пред почетокот на Игрите, Кинезите имале план да бидат најуспешната нација, но тоа не им успеа. Токму затоа, од Кинескиот олимписки комитет најавиле дека ќе има санкција за спортистите кои беа дел од натпреварите во Токио. Кина со години се бори да го преземе приматот од САД на ЛОИ, па ова треба да биде дополнителен мотив за следните Игри во Париз во 2024 година.
Атлетичарите, гимнастичарите, пливачите и останатите кинески спортисти и спортистки кои не освоија медал во Токио, ќе бидат санкционирани со одземање на стипендијата до крајот на 2021 година.