Словенечкиот тренер Меми Бечировиќ се најде во непријатна ситуација за време на кошаркарски натпревар помеѓу екипите на Џијангсу драгонс и Лијаонинг флајинг леопардс. Еден навивач почна на висок тон нешто да ѝ дофрла на госпоѓа Бечировиќ, па тренерот кога го виде тоа, отиде да ги расчисти сметките и во еден момент го фати за гуша агресивниот навивач.
Беше спречена поголема тепачка, а 58-годишниот тренер беше исклучен. Истиот навивач претходно го навредуваше играчот Ленс Стивенсон, кој игра за Лијаонинг.