Кинескиот Ѓоковиќ на неверојатен начин стигна до титулата: Спаси четири меч топки и испиша историја

Името на Ву Јибинг со златни букви ќе биде запишано во историјата на кинескиот тенис. Тој е првиот играч во новата тениска ера што успеа да победи на АТП-турнир. Тоа се случи на АТП 250 серијата во Далас, каде во неверојатно финале, Ву Јибинг го победи Џон Изнер по повеќе од три часа игра.

Кинезот славеше со 2:1 во сетови, а сите три сетови беа решени во тајбрејк. Првиот сет го доби Изнер, а Американецот во вториот сет имаше меч топка, кога водеше со 6:5 во гејмови и имаше 40:30, но не го доби најважниот поен. Ву Јибинг се спаси, стигна до 6:6, а во тајбрејкот беше подобар со 7:3 и израмни на 1:1 во сетови.

Во решавачкиот трет сет, ништо ново. двајцата тенисери ги добија гејмовите на свои сервиси, па по 6:6 мораше во тајбрејк да се стигне до шампионот во Далас. Изнер водеше со 6:5, па со 8:7 и 10:9, но припушти уште три меч топки.

Во овој драматичен тајбрејк, Ву Јибинг истотака имаше четири неискористени меч топки, но петата му беше среќна и на крајот победи со 14:12.

https://twitter.com/i/status/1624894374571286529

Пред финалето, Ву Јибинг немаше ни 20 часа за одмор, откако во полуфиналето направи сензација елиминирајќи го Тејлор Фриц кој е на одмото место на светската ранг листа, со 6-7, 7-5, 6-4.

Со оваа титула,  23-годишниот Ву на најновото рангирање на АТП листата ќе биде меѓу најдобрите 60 тенисери во светот, а интересно е дека пред само една недела, за прв пат влезе во Топ 100 на АТП листата.

- Оглас -

Најнови вести