Кинеските гледачи се жртви на цензура, не им ги покажуваат навивачите од блиску! (Видео)

Националната телевизија во Кина која ги пренесува натпреварите од Светското првенство во фудба, на своите гледачи не им ги прикажува навивачите на трибините од блиску, туку дозволен е само широк кадар од каде што публиката не се гледа добро.

Причината за оваа цензура е што во Кина луѓето уште мора да носат маски како заштита од ковид-19, па ако видат дека во Катар никој не носи маска, „може да им текне“ и тие да побараат укинување на задолжителното носење маска.

Еве доказ дека кадрите од преносите кои ги гледа цел свет не се истите од тие што ги гледа кинеската публика:

- Оглас -

Најнови вести