Кинез заигра во ракометната ЛШ и веднаш се прослави против Барса (Видео)

Можеби во САД никогаш нема да биде популарен спорт, но ракометот почнува да добива на важност и популарност во Кина, кинески тим игра во СЕХА лигата, а сега и кинески голман дебитираше во Лигата на шампионите.

Ванг Куан доби шанса од тренерот Веселин Вујовиќ да влезе во игра на тешкото гостување кај Барселона, и довербата ја оправда со една одлична одбрана при зицер на Барса од контранапад. Ванг средбата ја заврши со четири одбрани, но не можеше да го спречи убедливиот пораз на неговиот тим. Сепак, влезе во историјата како прв Кинез во ракометната ЛШ.

- Оглас -

Најнови вести