Кинез заигра во Шпанија и му донесе среќа на Еспањол (Видео)

Вилјареал и Еспањол одиграа 2:2 во првиот денешен меч од шпанската Примера, а интересен момент се случи во 78 минута кога во игра кај гостите од Барселона влезе кинески фудбалер. Станува збор за Ву Леи, кој е само вториот Кинез по Џанг од Рајо Валјекано во декември 2015 година, што настапил во можеби најсилната лига на светот. Ву Леи му донесе среќа на Еспањол, бидејќи само три минути подоцна, Росалес постигна прекрасен гол за 2-2.

Погледнете го шутот на Росалес:

https://www.youtube.com/watch?v=rU4uJUW1jpc

Вилјареал водеше со 2-0, но не успеа да дојде до првата победа од крајот на ноември наваму. Ова за „жолтата подморница“ е десетти нерешен резултат во 22 кола, а против Еспањол сезонава одиграа четири официјални мечеви и не победија ниту еднаш. Ибора погоди за 1-0, негов деби гол како играч на Вилјареал, а 30-ти во кариерата, вториот гол беше дело на Касорла од пенал. Касорла кој го одигра 200-тиот меч во дресот на Вилјареал, во 2019 година има три гола, сите на стадионот „Ла Керамика“.

Италијанскиот ветеран Давиде Бонера кој со 37 години и 248 дена првпат сезонава заигра во шпанската лига, немаше среќа и си даде автогол за 2-1. Ако не се сметаат голмани, Бонера е најстариот играч кој заиграл за Вилјареал во Ла Лига.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести