Кинезите тврдат дека е готово, Адеми по 13 години си оди од Динамо Загреб

Кинески новинар објави дека Аријан Адеми ќе стане нов играч на клубот Пекинг Гуоан. Овој тим беше седми во кинеската лига во минатата сезона.

Гуоан имал забрана за трансфери, но ги платил сите стари долгови и сега може да купува играчи, а прв на листата му е македонскиот репрезентативец кој уште од 2010 година беше член на Динамо Загреб и одигра 358 меча.

Модрите за капитенот Адеми ќе добијат околу 1 милион евра отштета. Кинеската лига не е почната, во тек се подготовките, а наскоро на тимот од Пекинг треба да му се придружи и Адеми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести