Информацијата дека кинески клуб ќе игра во регионалната СЕХА-лига во ракомет предизвика чудење, а сега стигна најава дека Пекинг спортс јуниверзити за нов тренер ќе го наименува некогашниот славен хрватски голман Владо Шола.
Шола, кој сега ја води Дубрава (трети тим по квалитет во Хрватска), својата тренерска кариера ја почна во Катар и ќе биде предводник на првиот неевропски клуб кој ќе се натпреварува во СЕХА. Кинезите своите мечеви како домаќини ќе ги играат во Загреб.
„Наша цел е развој на ракометот и внесување нешто револуционерно. Ги шириме хоризонтите со излез на пазарот во југоисточна Азија. Убедени сме дека ракометот ќе профитира од влезот на кинеска екипа“, рече претседателот на СЕХА-лигата, Михајло Михајловски.